Откако во јавноста излезе информацијата дека принцот Хари и Меган Маркл сакаат да се повлечат од своите кралски должности и да работат за да станат финансиски независни, Британија се крена на нозе.
Војводата и Војвотката од Сасекс во нивната земја се нападнати со лавина реакции во медиумите заради нивната постапка и како таа е навредлива за кралицата Елизабета Втора.
Поддршката пак од родната земја на Меган е гласна и добродедојдена.
Фокс Њуз објави вака: Дуото #Megxit почна и принцот Хари и Меган ЈА ПОЧНАА промената!
Ова е исторски момент во британското кралско семејство кој нема да биде заборавен, а ќе влијае на менување на историјата.
Во нивнотот соопштение тие кажаа дека сакаат да го одржат балансот помеѓу Обединетото Кралство и Северна Америка, со тоа што ќе ја почитуваат традицијата и заедницата во која што е роден нивниот син.
Тие ќе ги задржат титулите, без разлика дали работат или не.