Дискусија за дозволи за градба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи

8

Јавна панел дискусија на тема „Изнаоѓање на решенија за легализација, пренамена и упростување на постапката за добивање на дозволи за градба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи – во и вон населено место“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Организатори на панел дискусијата се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Здружението „Знак за квалитет“ и Активноста на УСАИД – Партнерства за економски раст.

Како што е најавено, на панел дискусијата ќе се обратат министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за транспорт и врски, за локална самоуправа и за животна средина и просторно планирање Љупчо Николовски, Благој Бочварски, Ристо Пенов и Каја Шукова.

Ќе учествуваат и претставници на институции, земјоделски здруженија и фармери.