сабота, септември 7, 2024
24.8 C
Skopje

Елтон Џон плачејќи го напушти концертот: Го изгубив гласот! (ВИДЕО)

Славниот британски музичар Елтон Џон морал во неделата да го прекине концертот во Окленд, Нов Зеланд, откако го изгубил гласот па сцената ја напуштил во солзи.

– Жал ми е, многу ми е жал. Не можам да пеам – рекол Елтон кога ѝ се обратил на публиката среде концертот со засипнат глас. Станал од својот клавир па изјавил: „Мојот глас не соработува“.

Потоа го покрил лицето со рацете и почнал да плаче, а публиката го поддржала со громогласен аплауз и со љубов го испратил кога го одвеле од сцената.

Околу 50.000 луѓе дошле со желба да уживаат во гласот и песните на славниот пејач, меѓутоа, нештата не оделе според планот.

Пејачот потоа на Инстаграм дека му е дијагностицирано благо воспаление на белите дробови, но тој и покрај болеста одлучил да настапи.

Гласот го изгубил во моментот кога се подготвувал да го испее својот хит „Даниел“.

„Свирев и пеев со цело срце сѐ додека не останав без глас. Разочаран сум и вознемирен, длабоко загрижен, тажен. Ви дадов сѐ што имав. Се извинувам“, напишал музичарот на Инстаграм и се заблагодарил на публиката на извонредната поддршка.

Слични текстови