вторник, ноември 18, 2025
9.8 C
Skopje

Кидман се навраќа на убавите моменти од бракот со Круз

Актерката Никол Кидман се присети на убавите спомени кои ги создаде со поранешниот сопруг Том Круз на снимањето на еротскиот трилер од 1999 година, „Очи широко затворени“.

Во интервју за „Њујорк тајмс“ Кидман откри дека во времето кога се снимал филмот била среќно омажена за Круз, па дури и дека одела на картинг-трки со него во 3 часот по полноќ по снимањето на некои сцени.

И покрај тоа што глумеа брачен пар кој се бори со неверство, Кидман (53) инсистира на тоа дека улогите во филмот немале никакво влијание на нивниот меѓусебен однос.

„Тогаш бевме среќно венчани“, објасни таа. „Одевме на картинг-трки по снимањето на некои сцени, некогаш и трчавме во 3 часот наутро.“

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови