четврток, мај 22, 2025
24.8 C
Skopje

Кој ќе пее на свадбата на Лорен Санчез и Џеф Безос?

Лорен Санчез и Џеф Безос се во финални подготовки за нивната грандиозна свадба во јуни, а сега јавноста дозна кој ќе ги забавува на тој голем ден.

Како што открива „Дејли меил“, Лорен Санчез и Џеф Безос ангажирале две големи ѕвезди да пеат на нивната свадба во Венеција, Италија, во јуни, а тие две ѕвезди се – Лејди Гага и Елтон Џон!

„Лорен сакаше некои големи таленти да пеат за неа, а едноставно нем постои никој поголем од Гага и Елтон“, рекол изворот, додавајќи дека олеснителна околност е што Гага и Елтон се добри пријатели кои биле среќни што ќе го направат тоа заедно.

Не е познато кои песни ќе ги изведат, но изворот рекол дека ќе бидат „неколку познати мелодии“ и веројатно ќе настапат во дует.

Бројни познати гости

Како што објавија странските медиуми, возбудата го достигна својот врв во Венеција, а се вели дека на свадбата ќе се соберат околу 200 елитни гости, меѓу кои и бројни светски познати личности и милијардери. Три од најлуксузните хотели во градот се резервирани за церемонијата: „Аман Палас“, „Сент Реџис“ и „Грити Палас“.

Меѓу познатите гости на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција, се очекуваат бројни светски ѕвезди, влијателни бизнисмени и медиумски личности, а на списокот се наоѓаат: Опра Винфри, Леонардо Дикаприо, Бил Гејтс, Дајан фон Фурстенберг и Бери Дилер и многу други.

 

 

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови