недела, јануари 12, 2025
0.8 C
Skopje

Луѓето го дознаа целото име на Хју Грант и почнаа да се потсмеваат: „Не е ни чудо што е мрзоволен“

Малкумина го знаат целосното име на британскиот актер Хју Грант, а многумина се насмејаа кога дознаа кое му е средно име. Хју Џон Мунго Грант е неговото полно име, но некои малку си поиграа и го нарекоа Хју Мунго, што од англиски би се превело како „огромно“ (humungous).

На Х се појавија многу шеги за неговото полно име, а не недостигаа и шеговити коментари.

– Ова е вашиот месечен потсетник дека средното име на Хју Грант е Мунго. Хју Мунго Грант – напиша еден корисник на Х, при што некои се шегуваа дека целото име на актерот е причината поради која тој е „постојано мрзоволен“.

Актерот неодамна зборуваше за своето име во шоуто на Џими Кимел.

– Не знам како се случи тоа. Имав многу нељубезни родители – се пошегува тој, а потоа се осврна на имињата на неговата осумгодишна ќерка, која ја има со сопругата Ана Еберштајн.

– Бевме во мала паника со сопругата на денот кога ѝ го дадовме името. Мислевме дека можеби би ѝ било забавно, кога ќе порасне, да кажува дека нејзиното средно име е Опасност (Danger.). Значи, нејзиното име е Лулу Денџер Грант – објасни тој.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови