вторник, април 29, 2025
21 C
Skopje

Пластичен хирург ги разоткри сите тајни на младоликоста на Бред Пит и Џорџ Клуни – Користеле третман кој чини 250.000 долари

Џорџ Клуни, познат по својот беспрекорен стил, неодамна ја изненади јавноста со драстична промена на имиџот.

За време на ручекот со сопругата Амал во Њујорк, 63-годишниот актер го покажа и својот нов имиџ – седата коса ја заменила кафеават нијанса, поради што започна лавина од коментари на социјалните мрежи.

Многумина подоцна застанаа во одбрана на актерот, тврдејќи дека зад сè стои неговата изведба на Бродвеј во претставата „Good Night, and Good Luck“, адаптација на истоимениот филм од 2005 година, кој го режираше и во кој глумеше Клуни.

Но сепак, во неговиот изглед се забележани и други промени кои немаат врска со бојата на косата. За нив детално зборуваше пластичниот хирург д-р Џони Бетериџ, кој забележал неколку знаци на естетски зафати на лицето на познатиот актер, најмногу во пределот околу ушите.

Пластичниот хирург го анализирал лицето на Џорџ Клуни

„Она што навистина се издвојува е растојанието помеѓу ‘рскавицата на отворот на ушниот канал и почетокот на неговите залистоци, што укажува на тоа дека има некоја промена во ткивото на лицето“, објаснува д-р Бетериџ во видеото на социјалните мрежи.

Тој исто така истакна дека постои голема можност Клуни да се подложил и на таканаречен „deep plane“ лифтинг на лицето, скап третман чија цена достигнува и до неверојатни 250.000 долари, а резултатот е целосно затегнато лице кое изгледа природно и младешко.

Бред Пит направил повеќе естетски зафати

Хирургот во истото видео нагласи дека се сомнева дека Бред Пит бил подложен на истата процедура. На 61-годишна возраст, познатиот актер изгледа фантастично и многумина долго време се прашуваа дали тајната е всушност во нешто толку очигледно како што се естетските зафати. Ако го прашате д-р Бетериџ – токму за тоа станува збор.

„Дали Бред Пит и Џорџ Клуни имаат ист хирург? Бидејќи 60-тите никогаш не изгледале подобро“, рече тој, споредувајќи ги фотографиите на двајцата актери од пред 23 години.

„Лицето почнува да се спушта со текот на времето. Овде е забележливо опуштање на лицето во долниот дел и на вратот“, рече тој покажувајќи постари фотографии, а потоа покажувајќи ги поновите: „Можеби се прашувате како може сега да изгледаат вака…“

Д-р Бетериџ претходно го анализираше изгледот на Бред Пит, тврдејќи дека тој бил подложен на различни процедури, вклучувајќи подигање на очните капаци, пресадување маснотии на лицето за волумен и ставање навлаки на забите.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови