четврток, април 24, 2025
14.8 C
Skopje

Светски познатите поранешни сопружници им одржаа лекција на разведените родители

Тоа дека поранешните сопружници не мора да бидат во конфликт, го докажува и познатиот поранешен пар.

Пејачот Марк Ентони и Џенифер Лопез на сите разведени родители им одржаа голема и важна животна лекција.

Тие двајца се доказ дека паровите кои се развеле или се разделиле не мора да бидат во лоши односи.

Марк објави фотографија на својот Инстаграм профил на која е со Џеј Ло и нивната ќерка помеѓу нив, која двајцата ги држи за раце додека шетаат заедно.

„Само љубовта е помеѓу нас“, напишал покрај фотографијата.

Џеј Ло уште во 2017-та година во едно интервју рекла дека Марк ѝ е најдобар пријател и секогаш за него зборува сè најобро, пренесува „Marie Claire“.

„Искрено, ние секогаш ќе бидеме најдобри пријатели. Секогаш ќе бидам тука за него, тој секогаш ќе биде тука за мене. Ние делиме нешто многу посебно преку нашите деца и свесни сме за тоа. Тука сме за нив и тоа е најважно“, рекла Џеј Ло.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови