четврток, мај 22, 2025
24.8 C
Skopje

Сопругата на Џејсон Стејтам откри како успеваат да бидат еден од најстабилните парови, иако разликата меѓу нив е 20 години

Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во семејниот живот со својот долгогодишен партнер Џејсон Стејтам и воопшто не се грижи поради нивната значителна разлика во годините.

Во интервју за „Сандеј тајмс“ британската манекенка и актерка зборуваше за нејзината романса со Стејтам како и за воспитувањето на нивниот осумгодишниот син Џек и тригодишната ќерка Бела.

Зборувајќи за нивната разлика во години – таа ќе има 40 кога тој ќе наполни 60 за две години – Хантингтон-Вајтли, која сега има 38 години, рече дека тоа никогаш не било проблем.

„Посветена сум на моето семејство“, рече таа. Почнааа да се забавуваат во 2010 година, а се свршија во 2016 година. Денес се сметаат за еден од најстабилните и најхармоничните познати парови.

„Семејството ми е многу важно, а тој е навистина неверојатна личност во мојот живот. Живееме ден за ден. Има многу љубов, забава и хумор, и се обидуваме да успееме. Врските минуваат низ многу фази. Мора да се држиш до тоа. Се обидувам да бидам најдобрата верзија од себе. Можеш да ја контролираш само својата страна, нели? Мојата среќа не е во негови раце. Само се обидувам да го направам својот дел.“

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови