четврток, ноември 7, 2024
4.8 C
Skopje

Уште еден бенд го повика Трамп да не користи нивна песна на митинзи

Американскиот рок-бенд „Паника во диско“ се придружи на долгиот список бендови кои бараат претседателот Доналд Трамп да престане да ја пушта нивната музика на предизборни митинзи.

Откако Трамп ја пушти хит-песната на бендот од 2018 High Hopes за време на неговиот митинг во Феникс во вторникот, фронтменот и основач на бендот Брендон Ури побара да прекине.

Поп-sвездата објави твитер: „Драга кампањо на Трамп, Ф *** ју. Не сте поканети. Престанете да ја пуштате мојата песна … Доналд Трамп не претставува ништо за кое се залагаме.“

Ури потоа ги повика своите 6.6 милиони следачи на социјалните мрежи да гласаат за да помогнат „ова чудовиште“, како што го нарече, да си замине од функцијата во ноември.

Твитот на Ури се појави два дена откако Том Пети му издаде на Трамп формален налог да не ја користи неговата песна од 1989 година, I Won’t Back Down за време на митинг во Тулса во рамки на кампањата за претседателските избори во ноември.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови