среда, мај 21, 2025
15.8 C
Skopje

ФОТО | Луда диско забава: Џеф Безос ја прослави новата година со стил!

Вториот најбогат човек на светот, Џеф Безос, новата година ја дочекал со својата девојка Лорен Санчез покрај базен на францускиот остров Свети Вартоломеј (St. Barts).

Во друштво на неговиот помлад брат Марк, синот на Лорен, Нико и поранешната НФЛ ѕвезда Тони Гонзалес.

„Имавме луда диско забава со семејството. Новата година е одлична можност да се фокусираме на личниот раст, обновувањето, повторното раѓање и да обрнеме внимание на секој момент од животот. Добри и лоши, сите моменти. Славете и растете“, им порача Безос на своите следбеници и пријатели на „Инстаграм“.

Во морето коментари под фотографијата се оглси и Лорен.

„Те сакам, душо. Поради сите причини и без причина“, Лорен му се обрати на Безос.

Инаку, Безос и Лорен ја потврдија својата врска во 2019 година. Основачот на „Амазон“ се разведе од Мекензи Скот истата година.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови