Една од најубавите актерки во Холивуд, Шарлиз Терон (44) го откри ова во интервју за „Мирор“.
– Не знам дали некогаш ќе можам да живеам со некого. Да бидам сосема искрена, можеби ќе мора да купи куќа до мене. Не знам дали некогаш ќе можам да се справам со тоа. Јас сум премногу стара за тоа – рекла Терон.
Актерката додала дека воопшто не пушта маж во нејзиниот живот.
– Никогаш не се чувствувам осамено – рекла Терон, откривајќи дека сè уште ужива да се дружи, но во никој случај не е за нов брак.
– Мојот живот во моментов не дозволува многу простор за да се случи вакво нешто, нешто што е неверојатно тешко да се постигне дури и кога не си самохрана мајка – рече оскаровката, објаснувајќи дека нема потреба од тоа.
Од 2001 до 2010 година, таа беше во врска со актерот Стјуарт Таунсенд, а од 2013 до 2015 година беше во врска со актерот и режисер Шон Пен, кој деновиве се ожени по третпат, со 30 години помлада актерка.
Во интервју за британски таблоид, Шарлиз Терон ги негираше гласините дека сака да се омажи за Пен.
– Тоа не е точно. Не, јас не сум се „омажила за Пен“. Тоа се глупости. Ние излегувавме. Тоа беше сè што направивме. Дефинитивно бевме пар, но одвај бевме заедно една година. Никогаш не сме живееле заедно. Никогаш не сакав да се омажам за него. Тоа не беше во план – додала актерката.