понеделник, ноември 4, 2024
7.8 C
Skopje

Шерон Стоун: Мојата сестра после лупусот доби коронавирус, поради вас што не носите маски! 

Холивудската ѕвезда Шерон Стоун тврди дека нејзината помлада сестра Кели се заразила со ковид-19 поради небрежноста на други луѓете кои не носат маски. Имено, актерката објасни дека Кели боледува од лупус (хронична, автоимуна болест која напаѓа различни органи, особено кожата, зглобовите, крвта и бубрезите), и дека го добила коронавирусот, иако таа само одела во аптека. Покрај сето тоа, таа истакна дека во местото каде што живее може да се тестира само доколку лицето има симптоми, а дека резултатите се чекаат неколку дена.

„Мојата сестра Кели, која веќе има лупус, сега го доби и ковид-19. Ова е нејзината соба во болницата. Некои од вас кои не носите маски го сториле тоа. Таа нема имунолошки систем. Единствено место каде што одеше беше аптеката. Во нејзината држава не можете да се тестирате ако немате симптоми, а потоа мора да чекате пет дена за резултатите. Дали можете да се замислите себеси во оваа соба? Носете маски! Заради мене и заради другите. Ве молам“, напиша актерката на Инстаграм во описот на фотографијата што ја објавила.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови