Ќерката на трагично починатиот Курт Кобејн, Френсис Бин (28), до пред неколку години трошела огромна количина пари, па признала во едно интервју дека 11 милиони долари потрошила „во ветар“. Пред да се отрезни и да сфати што прави. Тоа било во 2016 година.
– Требаше да останам без речиси сè за да сфатам некои работи во животот. Додека не се отрезнив, не сфаќав дека колку и да имате пари, ништо не е засекогаш – раскажала таа.
Како што самата рекла, таа никогаш не била свесна за количината пари и богатството што го поседува затоа што таа не ги заработила.
– Сѐ е потешко, бидејќи тие пари не ги заработив јас. Имам чувство дека тоа се пари на некој човек кој никогаш не сум го запознала, што е и вистина – таа била искрена во интервјуто.
„Отсекогаш имав чуден став кон тие пари затоа што не ги заработив. Се чинеа како огромен заем“, вели таа, додавајќи дека честопати се чувствувала виновна затоа што имала чувство како да троши пари на некој странец.
Таа долги години мака мачела со дрогата и алкохолот, на кои потрошила огромни количини пари, но во 2016 година решила со тоа да престане.
Френсис ги наследила богатството и авторските права на нејзиниот татко и денес има околу 200 милиони долари, но досега, вели таа, немала поим како се управува со пари.
– Престанав да нарачувам луксузен Убер и сега нарачувам редовно возење или одам пешаки ако ми е блиску – рекла Френсис, која добивала 100.000 долари месечно за џепарлак.
„Сфатив дека без оглед колку пари имам, може да се потрошат ако не располагам со нив паметно“, рече таа, додавајќи дека сега ангажирала луѓе за да и помогнат во управувањето со парите.