четврток, октомври 10, 2024
13.8 C
Skopje

ЏОНИ ДЕП И АЛ ПАЧИНО СНИМААТ ФИЛМ За прославениот сликар Модиљани

Како што ексклузивно дознава магазинот „Холивуд репортер“, Џони Деп ќе режира и ќе продуцира филм за познатиот италијански сликар Амедео Модиљани. Еден од продуцентите на филмот ќе биде славниот Ал Пачино.

По 25 години режирање на филмот „Brave“ во кој глумеше со Марлон Брандо, Џони Деп повторно ќе ја држи режисерската палка.

Како што ексклузивно дознава магазинот „Холивуд репортер“, Џони Деп ќе режира и ќе продуцира филм за познатиот италијански сликар Амедео Модиљани. Еден од продуцентите на филмот ќе биде славниот Ал Пачино.

– Сагата за господинот Модиљани е онаа за која сум неверојатно почестен и искрено понизен пред задачата да ја пренесам на екранот – изјави Деп.

Инаку, филмот нема да биде целосна биографија на познатиот сликар. Приказната на филмот минува низ турбулентни 48 часа кои ќе станат пресвртница во животот на сликарот.

Амедео Модиљани се смета за еден од најважните италијански сликари на 20 век. Неговиот стил е препознатлив по еротиката и портретите на жени со издолжени лица и фигури.

Интересно е што и самиот Џони Деп понекогаш се занимава со сликање.

– Најмногу сакам да сликам лица, очи. Секогаш ја имате таа желба да видите што се случува зад нечии очи, да ја видите емоцијата – изјавил еднаш Деп за „Венити фер“.

Инаку, Деп моментално е ангажиран за снимањето на филмот „Луј XV“ во кој ја игра улогата на Луј XV во историска љубовна приказна. Филмот започна со снимање на крајот на јули и е првиот филм на Деп по три години и судењето со Амбер Херд.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови