вторник, мај 20, 2025
24 C
Skopje

Тесла сака да прави по 500.000 автомобили годишно во Германија

Тесла планира да прави 500.000 електрични возила годишно во својата нова фабрика во предградието на Берлин, објави германскиот весник „Билд“ во средата.

Минатиот месец, главниот извршен директор на компанијата, Елон Муск, објави дека автомобилите Model 3 и Model Y ќе бидат произведени во фабриката. Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ објави дека „Тесла“ ќе инвестира до 4 милијарди евра во фабриката.

Фабриката Гига на Тесла во Германија се очекува да создаде 10.000 работни места. Изградбата на објектот, кој ќе биде проширен на површина од околу 420 фудбалски игралишта, ќе започне во 2020 година.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови