недела, декември 15, 2024
3.8 C
Skopje

Маркл: Не сакав да го посрамотам кралското семејство

Во новиот документарец на Нетфликс, Меган Маркл го откри влијанието на постар член на кралското семејство врз нејзиниот моден избор.

Првите три епизоди од долгоочекуваната документарна серија од шест дела на војводата и војвотката од Сасекс, „Хари и Меган“, се појавија на Нетфликс во четвртокот, а гледачите веќе добиваат голем увид во тоа како приклучувањето кон кралското семејство влијаело врз животот на Меган.

Една промена беше начинот на кој Меган гледаше на нејзината гардероба и стил, и како ќе се појави во јавноста и пред новинарите, вели таа во документарецот.

Зборувајќи за нивната прва кралска прошетка во 2017 година, набргу откако ја објавија свршувачката, Хари (38) откри дека бил од огромна помош кога станува збор за гардеробата на Меган (41).

Подоцна во документарецот, таа објаснува зошто фаворизирала понеутрални тонови кога првпат се приклучила на кралското семејство и дека тоа било свесна одлука.

– Поголемиот дел од времето кога бев во Велика Британија ретко носев облека во боја. И тоа беше намерно. Моето разбирање е дека никогаш не можете да носите иста боја како Нејзиното Височество ако има групен настан. Но, исто така, не можете да носите иста боја како некои други, постари членови на семејството. Па си помислив: „Каква боја веројатно никогаш нема да носи? Крем? Беж? Бела?“

Понатаму Меган објаснува дека била донесена одлука да не предизвикува внимание на јавни настани туку само да се вклопи во нив.

– Носев многу пригушени тонови, зашто требаше едноставно да се вклопам – објаснува таа.

– Не се обидував да се истакнам. Нема опција да се приклучам на ова семејство и да не се трудам да направам се што можам за да се вклопам. Не сакам да го срамам семејството, додава.

Документарецот подоцна прикажува еден од првите настани на црвениот тепих на Хари и Меган по нивната одлука да се „повлечат“ како постари членови на кралското семејство, при што Меган избира да облече светло црвен фустан и означува нов правец за нејзината пост-кралска гардероба.

Сепак, принцот Хари појаснува дека од неколкуте таканаречени кралски „протоколи“ за кои Меган била обвинета дека ги прекршила додека била дел од кралското семејство, повеќето од нив се „целосно измислени“ од печатот.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови