четврток, декември 5, 2024
6.8 C
Skopje

Предлози за празнична листа на филмови и серии

Како што се наближува празничната сезона, старата дебата за тоа која серија или кој филм е најдобар секогаш се појавува кај многу луѓе кои сметаат дека нивниот избор е најдобар.

Пет серии за празничната сезона:

Home for Christmas

Норвешката хумористична, но романтична серија Home For Christmas е дефинитивно направена за овој период од годината! Приказната е едноставна: Јохана е медицинска сестра на триесет и нешто години и е единствената од целата фамилија што ќе биде без момче/сопруг на Божиќ. Така, таа решава да најде момче кое ќе ја придружи на семејната вечера за да го направи нејзиното семејство среќно. Приказната се развива многу интересно, а сами откријте кој ќе ја придружи Јохана на вечерата.

Christmas Flow

Првата француска божиќна романтична комедија во вид на серија на Нетфликс ни раскажува за една божиќна романса меѓу познат рапер и упорна новинарка. Дали врската ќе успее?

Over Christmas

Уште една празнична серија на Нетфликс, која раскажува за разочараниот музичар Бастијан кој патува дома за Божиќ, само за да дознае дека неговиот брат сега излегува со неговата бивша. Празнична драма, да!

Dash & Lilly

Трансформирајќи го класичниот божиќен роман во заразна серија, ова е една поинаква романтична приказна која се случува преку една тетратка која кружи низ разни локации во Њујорк.

Merry Happy Whatever

Приказна за комплицирано семејство и стресот за време на Божиќ што го доживуваат сите поради еден строг татко кој се меша во сечиј живот. Но, кога неговата најмлада ќерка ќе дојде дома за празниците со ново момче, многу работи се менуваат. Одлична серија која предпразнично ќе ве насмее.

Falling for Christmas

Линдзи Лохан – ова е целата информација што ви е потребна за да го изгледате овој филм. Ако тоа не е доволно за да ве привлече, тогаш еве малку повеќе: Таа глуми разгалена наследничка во одморалиштето на нејзиниот татко во Аспен. Некои работи се случуваат што водат проблеми со амнезија и да, како и во многуте празнични филмови, и овде има една слатка романса.

The Noel Diary

Емотивен филм во кој се случува романса на едно патување каде двајца странци, чии биолошки родители споделуваат силна поврзаност, бараат одговори за нивното минато. Недела, декември, топол чај, ќебе и The Noel Diary – навистина одлична комбинација.

Christmas on Mistletoe Farm

Откако наследил фарма за Божиќ, татко вдовец се адаптира на селскиот живот и навистина не му се допаѓа, додека неговите деца прават план да останат таму засекогаш.

Christmas With You

Во филмот, Ејми Гарсија ја игра латино поп-ѕвездата Анџелина, која кога патува во еден мал град во близина на Њујорк како бегство од нејзиниот живот, запознава тинејџерка чија љубов кон музиката ѝ дава нова перспектива. Но, поп-ѕвездата може да има и неочекувана шанса да се заљуби во таткото на тинејџерката.

Holidate

Уморна од испрашувањето на нејзиното семејство и мешањето во нејзиниот љубовен живот секој празник, една девојка се здружува со странец кој се согласува да ја придружува како „плус-еден“ на сите празнични прослави во текот на целата година.

 

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови