Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. За време на викендов се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.