недела, декември 8, 2024
0.8 C
Skopje

Хари: Не им се враќам на кралските должности

 

Британскиот принц Хари ја промовира својата книга „Spare“, која излегува на 10 јануари оваа година. Во овие свои мемоари, принцот ќе се осврне на своето воспитување и животот во кралското семејство, а по повод објавувањето на книгата даде неколку интервјуа коишто ќе бидат прикажани во текот на викендов.

Во исечок од интервјуто за Си-би-ес, Андерсон Купер го прашува дали во иднина се гледа себеси повторно како член на кралското семејство, на што Хари брзо и јасно одговара – Не.

Мемоарите се очекува и да го опишат јазот меѓу 38-годишниот Хари и неговиот 40-годишен брат, принцот од Велс, Вилијам.

Хари во документарец за Нетфликс тврдеше дека Вилијам го прекршил ветувањето дека никогаш нема да објавува приказни, ни да зборува против него откако бил сведок на последиците од таквите постапки во канцеларијата на нивниот татко.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови