Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, причината за синоќешниот пораз од Наполи (1:2) во натпреварот од 27. коло на италијанското фудбалско првенство ја најде во неискуството на неговиот тим.
-Момците одиграа добро, имавме шанси кои не ги искористивме. Сето тоа е дел од процесот, дел од растот, го бараме вистинскиот баланс на големите натпревари. Го покажавме нашето неискуство, изјави Алегри за „Football Italia“.
Јувентус е втор во Серија А со 57 бодови. Разликата меѓу торинскиот тим и водечкиот Интер е 12 бода.
Наполи по оваа победа се искачи на 7.место со 43 бодови.