Алекс Волкановски го оствари најголемиот успех во својата ММА кариера, откако утринава стана нов шампион во перолесна категорија на UFC 245 настанот одржан во Лас Вегас.
Волкановски кој е роден во Австралија, а чиј татко е Македонец, успеа да го победи Макс Холовеј на поени (48:47/48:47/50:45), со што не му дозволи на силниот противник третпат да ја одбрани титулата во оваа УФЦ категорија.
https://www.youtube.com/watch?v=bjtE0k1dyeE&feature=emb_title
За Волкановски ова е осма победа од исто толку настапи во најеминентното УФЦ натпреварување, додека Холовеј го доживеа само вториот пораз од 2013 година. Австралиецот со македонско потекло е само четврти шампион во перолесна категорија во УФЦ историјата, а досега во ваква позиција беа и Хозе Алдо, Конор МекГрегор и Холовеј кој ја одржуваше титулата од 2016 година.
Главната пресметка на програмата беше во велтер категорија, а таму борбата меѓу Камару Усман и Колби Ковингтон беше прекината во петтата рунда, откако настрада вилицата на Американецот.



