вторник, декември 3, 2024
6.8 C
Skopje

Алкараз и Медведев се пласираа во полуфиналето на Индијан Велс Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз победи во два сета против Александар Зверев и со тоа се пласираше во полуфиналето на Индијан Велс. Натпреварот траеше час и 20 минути, а младиот Алкараз рутински победи со 6:3, 6:1. Малку подоцна на тоа патување му се придружи и Данил Медведев. Со малку повеќе труд, Русинот го надигра Холгер Руне со 7:5, 6:4. Целиот меч беше многу изедначен, но поискусниот Медведев беше подобар во клучните поени и на крајот излезе како победник. Што се однесува до полуфиналето, Алкараз ќе се сретне со Јаник Синер, додека Медведев ќе ги одмери силите со локалниот тенисер Томи Пол.

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз победи во два сета против Александар Зверев и со тоа се пласираше во полуфиналето на Индијан Велс.

Натпреварот траеше час и 20 минути, а младиот Алкараз рутински победи со 6:3, 6:1.

Малку подоцна на тоа патување му се придружи и Данил Медведев. Со малку повеќе труд, Русинот го надигра Холгер Руне со 7:5, 6:4.

Целиот меч беше многу изедначен, но поискусниот Медведев беше подобар во клучните поени и на крајот излезе како победник.

Што се однесува до полуфиналето, Алкараз ќе се сретне со Јаник Синер, додека Медведев ќе ги одмери силите со локалниот тенисер Томи Пол.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови