четврток, ноември 14, 2024
5.8 C
Skopje

Алушовски: Веспрем сосема заслужено триумфира, не успеавме да го изненадиме со игра 7 на 6

Екипата на Вардар загуби во финалето на СЕХА Лигата со 27:35 и титулата му ја предаде на унгарскиот Веспрем. Унгарците уште на самиот почеток направија резултатска предност која умешно ја одржуваа, а на крајот и ја зголемија за конечен триумф и водство од 2:1 во меѓусебниот скор со „црвено-црните“ во финалињата на регионалното натпреварување.
Главна причина за убедливата предност на самиот почеток беше тоа што Вардар во нападот играше 7 на 6.

– Се обидовме да ги изненадиме со игра 7 на 6, но тоа не ни успеа. Се обидовме да се вратиме 6 на 6, но во овој момент Веспрем е многу поквалитетен тим, има подолг и поквалитетен ростер и затоа јас им честитам на сосема заслужениот пехар во СЕХА-лигата – изјави Алушовски.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови