четврток, октомври 3, 2024
23.8 C
Skopje

Анри ја испрати најмоќната порака од теренот и воодушеви со својата постапка

Рестартот на МЛС лигата мина во знакот на оддавање почест на Џорџ Флојд како што тоа беше случај и на натпреварите во Европа, но наспроти сите видени ситуации во последно време, сцената која ја понуди Тјери Анри изминатава вечер беше навистина посебна.

Легендарниот француски голгетер сега е тренер на Монтреал Имапкт, но никој не зборува за поразот кој го претрпен неговиот тим од Њу Ингланд (0:1) поради потегот на Анри.

Легендарниот Тјери навлезе во сржта на оддавање почит кон Афроамериканецот кој трагично го загуби животот поради полициска бруталност, такашто одлучи да остане со коленото на земја онолку колку што Џорџ Флојд беше задушуван од полицискиот службеник.

Анри остана на земја 8 минути и 46 секунди, време кое е идентично со минутажата по која Флојд доби фатални последици од полицаецот.

Французинот без никаков сомнеж ја испрати најмоќната порака од теренот досега на оваа тема, па неговото видео експрено се рашиси на социјалните мрежи.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови