четврток, мај 15, 2025
14.7 C
Skopje

Астон Вила прв четвртфиналист во ФА Купот

Астон Вила е првата екипа која се пласираше во четвртфиналето на англискиот ФА Куп, совладувајќи го синоќа Кардиф со 2-0 на „Вила Парк“ во Бирмингем.

Гостите одржуваа резултатски егал до 68. минута, кога Марко Асенсио го постигна првиот од двата гола. Шпанецот вторпат ја погоди мрежата во 80. минута и ја внесе Астон Вила меѓу осумте најдобри.

Преостанатите осминафинални натпревари ќе се играат денеска и в недела.

За в сабота се закажани четири натпревари: Кристал Палас – Милвол, Престон – Барнли, Борнмут – Вулверхемптон и Манчестер Сити – Плимут. В недела ќе играат: Њукасл – Брајтон, Манчестер Јунајтед – Фулам и Нотингем Форест – Ипсвич.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови