Тимот на Баер Леверкузен остан непоразен ниту по 30. натпревар во тековната сезона.
Избраниците на тренерот Чаби Алонсо синоќа го победија Штутгарт со 3:2 во четвртфиналето од Купот на Германија. Баер губеше со 0:1 и 1:2, но на крајот извојува победа со гол постигнат во 90. минута.
Така „Фармацевтите“ стигнаа до 26 победа од почетокот на сезоната во која имаат и четири нерешени натпревари. Тие во Бундеслигата имаат 16 победи и четири нерешени, во Купот на Германија забележаа четири победи, а шест пати се радуваа во Лига Европа.
На 10 февруари лидерот во Бундеслигата ќе му гостува на Баерн Минхен кој е на второто место со заостанување од два бода.