понеделник, март 24, 2025
8.8 C
Skopje

Батлер дебитираше за Голден Стејт, Дејвис за Далас

Поранешниот кошаркар на Мајами, Џими Батлер го одигра својот прв натпревар за Голден Стејт вориорс.

Батлер ноќеска во победата над Чикаго постигна 25 поени и 4 асистенции, 2 скока, 1 украдена топка и 1 блокада.

Вориорс славеа со 132:11, а Батлер шутираше 7 од 12 од поле и 11 од 13 од линијата во 29 минути.

Свое деби имаше и Ентони Дејвис за тимот на Далас маверикс. Дејвис во победата 116:105 над Хјустон рокетс синоќа на домашен терен постигна имаше 26 поени, 16 скока, 7 асистенции и 3 блокади.

Дејвис го напушти теренот во третата четвртина откако почувствува болка во препоните и квадрицепсите. Уште еден поранешен играч на Лејкерс, Макс Кристи, постигна 23 поени во своето деби за Маверикс.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови