четврток, декември 5, 2024
6.8 C
Skopje

Белгиецот Брис нов селектор на Камерун

Белгискиот фудбалски стратег Марк Брис е назначен денеска за нов селектор на Камерун, откако е одлучено договорот на досегашниот предводник Ригоберт Сонг да не биде обновен, соопшти денеска камерунското Министерство за спорт.

Не е објавена временската рамка на договорот со 62-годишниот Брис кому ова ќе му биде прво селекторско искуство во кариерата.

Брис досега во кариерата предводеше повеќе белгиски и холандски екипи, како и тимови од арапскиот свет.

Договорот на Сонг беше потпишан во март 2022 година и истече на 29 февруари оваа година.

Камерун на Мундијалот во Катар беше елиминиран во групната фаза, а на Африканскиот куп на нации кој се одржа во февруари, го заврши настапот во осминафиналето со пораз од Нигерија.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови