недела, април 20, 2025
6.8 C
Skopje

Беќири: Звучи чудно, но за нас дуелот со Борец е натпревар на сезоната

Најуспешната година во историјата на Струга Трим Љум завршува в недела со домашен дуел против Борец. Шампионите од ВМФЛ минатата сезона ќе се соочат покрај езерото, а домашниот тренер Јетон Беќири не се согласува дека стружани се фаворити за освојување на трите бода.

„Не би рекол дека сме големи фаворити. Тимот на Борец е незгоден ривал кој успеа да нè совлада во првиот круг од првенството. Ќе звучи малку чудно, но натпреварот со Борец за нас е натпревар на сезоната. Одигравме добри натпревари со Вардар, со Шкендија и останатите ривали на домашен терен, но сега мора да одиграме најдобро што можеме и да ги освоиме бодовите“, вели Беќири.

Игор Стојчевски ќе биде главен судија на натпреварот кој ќе ја спушти есенската полусезона во ПМФЛ.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови