вторник, декември 3, 2024
9.8 C
Skopje

Бразил без Нејмар во завршницата на мундијалските квалификации

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар по повеќе од една година пауза се врати на теренот по повредата на вкрстените лигаменти на коленото, но не се најде на списокот на репрезентацијата на Бразил за двата последни квалификациски натпревари за Светското првенство 2026.

Селекторот на бразилската репрезентација Доривал Жуниор не го вклучи поранешниот играч на Барселона и ПСЖ во составот на петкратните светски шампиони за натпреварите против Венецуела на 14 ноември и Уругвај пет денови подоцна.

Нејмар (32) се врати во игра за клубот од Саудиска Арабија Ал-Хилал на 21 октомври во натпревар од азиската Лига на шампиони.

Бразил е на четвртата позиција во јужноамериканските квалификации, со шест бодови помалку од лидерот Аргентина по 10 одиграни кола. Најдобрите шест репрезентации обезбедуваат директен пласман на Светското првенство во 2026 година.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови