Бразилската фудбалска федерација сака да договори соработка со Зинедин Зидан. Според „Окдиарио“, фудбалските власти на земјата по неуспехот во преговорите со Пеп Гвардиола се обидуваат да се договорат за назначување на 50-годишен Французин за селектор на националниот тим.
Во Бразил веруваат дека фигура со вакво резиме ќе ужива голема почит во соблекувалната, меѓу новинарите и навивачите.
Од друга страна, поранешниот тренер на Реал Мадрид продолжува да се надева на покана за преземање на француската репрезентација.
Покрај Гвариола и Зидан, како кандидат за наследник на Тите на селекторското место во Бразил, медиумите го објавија и името на Карло Анчелоти.