Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк е најдобриот централен дефанзивец во игра во воздух за тековната сезона во изборот на Меѓународниот центар за спортски студии (CIES).
Фудбалерот на Ливерпул ја предводи ранг-листата на „CIES Football Observatory“, која го зема предвид бројот и процентот на добиени воздушните дуели, како и времето на игра.
Топ 10 рангирањето изгледа вака:
- Вирџил ван Дајк (Ливерпул)
- Ким Мин-Џае (Баерн)
- Данило Переира (ПСЖ)
- Џамал Ласелес (Њукасл)
- Дан-Аксел Загаду (Штутгарт)
- Бруно Дуарте (Панаетоликос)
- Серхио Рамос (Севиља)
- Хоаким Енрике (Сантос)
- Енрике Тревисан (Токио)
- Вилијан Роча (ЦСКА).



