вторник, декември 3, 2024
6.8 C
Skopje

Вонредни мерки за тимот на Манчестер сити на гостувањето во Ливерпул

Полицијата во Ливерпул ќе преземе безбедносни мерки повеќе од нормално на очекуваната рута по која автобусот на тимот на Манчестер сити ќе патува до „Енфилд“ в недела, објави „Дејли Мејл“.

За 10 март е закажано дербито меѓу најголемите претенденти за титулата во Премиер лигата.

Често се случува навивачите на „црвените“ да фрлаат разни предмети кон автобусите на ривалите, а во декември беше оштетено возилото на Манчестер јунајтед. За овој инцидент беше уапсен 23-годишен маж.

Постојаната битка во последните сезони меѓу тимовите предводени од Јирген Клоп и Хосеп Гвардиола доведе и до зголемување на тензијата меѓу приврзаниците на двата тима.

Еднаш, за време на натпревар на „Етихад“ во Манчестер, тинејџерка од домашната публика беше погодена од кригла полна со монети фрлени од приврзаниците на „Црвените“. Како резултат на овој и други инциденти, управата на Манчестер сити го намали бројот на места што ги доделува за гостинските навивачи на Ливерпул.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови