четврток, мај 22, 2025
24.8 C
Skopje

Вооружени напаѓачи пукале во фудбалери на Фламенго

Неколку фудбалери на бразилски Фламенго биле цел на оружен напад на автопат во Рио де Жанеиро, објави синоќа клубот.

„Неколку автомобили во кои се превезуваа играчи на Фламенго беа нападнати додека се враќаа дома на една од главните раскрсници во Рио де Жанеиро“, соопшти клубот.

Блиндираниот автомобил во кој се возел аргентинскиот голман Агустин Роси било застрелано четири пати, објави Фламенго, прецизирајќи дека нема повредени играчи.

Фудбалерите се враќале во Рио откако во средата вечер одиграа натпревар од Копа Либертадорес против аргентинскиот клуб Кордоба во Сантијаго дел Естеро, а натпреварот заврши 1-1.

Бразилската полиција објави дека извршила увид на местото на настанот, откако претходно им обезбедила придружба на фудбалерите.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови