среда, мај 21, 2025
15.8 C
Skopje

Гасперини: Аталанта заслужи да испадне од Лигата на шампионите

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини го призна поразот од Бриж (1:3) во реваншот од плејоф рундата од Лигата на шампионите.

– Заслуживме да испаднеме, да му оддадеме признание на Бриж. Тоа беа два чудни натпревари. Лигата на шампионите е турнир од епизоди. Денеска примивме рано гол и нашиот противник целосно ја искористи ситуацијата. 0:3 на полувремето – беше неправедно. Требаше да биде 2:1. Имаше многу различни неочекувани ситуации. Имавме многу шанси во 180-те минути, особено во вторите полувремиња. Промашениот пенал го намали нашиот ентузијазам. Од спортска гледна точка, бевме добри и се движевме динамично, изјави Гасперини.

Ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одржи во петок на 21 февруари.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови