Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, се осврна на синоќешното реми со Интер (0:0) во натпреварот од 1. коло од Лигата на шампионите.
-Интер е многу добар одбранбен тим. Тие се мајстори за одбрана и контранапад. Пропуштивме една и пол опасна шанса и едноставно не можевме да создадеме повеќе кога противничкиот тим се бранеше толку длабоко со сите 11 играчи, изјави Гвардиола за сајтот на УЕФА.
Шпанецот очекува подобри изданија на неговите играчи во следниот период.
-Убеден сум дека ќе играме подобро како што изминува сезоната. Сега сме на почеток и нормално еда не сме во најдобра форма, додаде Гвардиола.
Во 2. коло Сити на 1 октомври гостува кај Слован, а Интер ќе се сретне со Црвена ѕвезда