четврток, април 17, 2025
22.8 C
Skopje

Гвардиола на фудбалерите на Сити им ја забрани божикната прослава

Фудбалерите на Манчестер сити не присуствуваа на клупската прослава на Божик, бидејќи тоа им го забрани тренерот Пеп Гвардиола.

Гвардиола не сака да му се повтори ланскиот случај кога за време на празниците, тимот бележеше слаби резултати, според тренерот, поради опуштеност и претерано славење. Прославата на Сити мораше да биде без играчите од првиот тим, кои се подготвуваат за неделниот дуел со Арсенал.

Во клубот има повеќе од 400 вработени, па Гвардиола им ја скрати можноста да се дружат со фудбалерите. Во моментов тимот има дури 14 бода помалку од Ливерпул, со речиси загубени шанси за одбрана на титулата во Премиерлигата. јз/ссм/

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови