вторник, мај 20, 2025
10.2 C
Skopje

Гвардиола не би го продал Фоден ни за 500 милиони евра

Манчестер, 10 октомври – Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола инсистираше на тоа дека младиот плејмејкер Фил Фоден е клучен дел од неговите идни планови и е единствениот играч на кој не би му дозволил да си замине ниту за 500 милиони евра.

– Не случајно му дадовме на Фил нов договор. Тој е иднината на тимот. Тој е Манчестер Сити. Кога Давид Силва ќе заврши со екипата, тој ќе биде нашиот следен волшебник. Ние нема да привлечеме друг играч за оваа позиција. Тој нема да оди никаде, дури и за понудата од 500 милиони евра. Тој едноставно нема шанса да не пушти, тој останува со нас, изјави Гвардиола за англиски „Гол“.

Тој додаде дека Фоден има сјајна иднина пред него и дека ќе биде меѓу најдобрите играчи во Премиер лигата.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови