недела, февруари 9, 2025
9.8 C
Skopje

Далас загуби од Клиперс, на Дончиќ му недостасуваше една асистенција за нов трипл-дабл (ВИДЕО)

Ленард го доби извонредниот дуел со Дончиќ, Лос Анџелес Клиперс го победи Далас на негов терен со 110:107.

Синоќа се одигра само еден натпревар во НБА, Далас на свој терен беше поразен од Лос Анџелес Клиперс.

Клиперс во текот на третата четвртина имаше предност и од 14 поени разлика, но Далас се врати и успеа повторно да поведе во последниот период, но финишот им припадна на гостите кои на крајот се израдуваа на триумф од 110:107.

Интересен дуел имаа Ленард и Дончиќ, и двајцата постигнаа по 36 поени, кошаркарот на Клиперс имаше 11 скокови, а Словенецот десет. Лука имаше и девет асистенции, Ленард само две.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови