четврток, октомври 3, 2024
23.8 C
Skopje

Дајер: Не знам дали Мурињо разбра што правам, кога се мора, се мора

Ерик Дајер во 76. минута од натпреварот во Лига Купот против Челзи истрча до соблекувалната за да отиде до тоалет.

Неговиот тим во тој момент губеше со 0:1 и за малку Тотенхем не прими гол со играч помалку. За среќа на Дајер Хадсон Одои не беше прецизен и остана 0:1. Подоцна Тотенхем постигна гол и преку пеналите дојде до победата.

Во моментите кога Дајер истрча до стадионот, Мурињо тргна по него и тоа беше сцена која го обележа натпреварот (тука).

По натпреварот Дајер зборуваше за таа ситуација.

„Сите можат да замислат што се случи. Добро сум, но тоа ми се случи првпат. Не можев ништо да направам околу тоа, кога се мора, едноставно се мора. Не знам дали Жозе разбра што правев. Им кажав на Хојберг и Алдервилд дека ќе излезам од теренот. Имав силни болки во стомакот“, објасни Дајер.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови