недела, февруари 9, 2025
-3.2 C
Skopje

Денес на СП: Отвораат Италија и Тунис, Вујовиќ и Катар против Франција, ќе ги видиме и светските шампиони

Од денеска во фокусот на спортската јавност ќе биде Светското првенство во Хрватска на кое Македонија го продолжи континуитетот со учество на големите турнири.

На денешната програма се четири натпревари, а првиот се игра од 17:30 часот во кој силите ќе ги одмерат Италија и Тунис. Половина час подоцна на дело ќе видиме една од селекциите која важи за фавориот за највисок пласман, Франција ќе се соочи со Катар предводен од поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ.

Вечерниот термин од 20:30 часот е резервиран за уште две средби, Австрија – Кувајт и Данска – Алжир. Данците во натпреварот со Алжир влегуваат како големи фаворити, тие се и селекцијата која го брани светскиот трон.

Натпреварите од групата во која што се Италија, Тунис, Франција и Катар со внимание ќе ја следиме и ние затоа што токму таа група вкрстува со нашата во следната фаза, а Македонија се надева на пласман во главната фаза.

Ќе потсетиме, ние првиот натпревар го играме утре против селекцијата на Унгарија од 20:30 часот.

 

ДЕНЕС НА СП:

17:30 Италија – Тунис

18:00 Франција – Катар

20:30 Австрија – Кувајт

20:30 Данска – Алжир

 

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови