вторник, април 29, 2025
21.8 C
Skopje

Дејвис неколку недели во аут поради повреда

Новодојдениот кошаркар во Далас маверикс, Ентони Дејвис се очекува да пропушти неколку недели поради истегнување на мускулите. Тој се повреди на дебито за Далас.

Извори на „ESPN“ велат дека отсуството на Дејвис може да трае и повеќе од еден месец.

Дејвис ја заработи повредата во третата четвртина од саботниот натпревар против Хјустон, откако за 31 минута запиша 26 поени, 16 скока, седум асистенции и три блокади. Тој го играше својот прв натпревар за тимот по размената со Лука Дончиќ, што беше наидено на критики од многу навивачи на клубот.

Триесет и едногодишниот Дејвис најпрво ја намали загриженоста на навивачите уверувајќи дека повредата не е сериозна.

Тој претходно ги пропушти последните пет натпревари – три со Лејкерси и првите два со Маверикс поради истегнат стомачен мускул.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови