Илија Несторовски го загуби местото во репрезентацијата по тешката повреда на коленото, но за два дена отсега ќе биде и слободен агент и во можност да преговара со било кој клуб.
Удинезе реши да не му го продолжи договорот на македонскиот напаѓач, кој сепак има оставено добар впечаток во Италија и многу веројатно е дека ќе остана на Апенините.
Ова го тврди и угледниот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, кој открива дека клубот кој испадна во Втората италијанска лига веќе го контактирала некогашниот голгетер на Палермо.
Калјари не успеа да се спаси и покрај тоа што го делеше само еден бод од опстанок во Серија А, па сега јасно е дека проектот ќе биде многу поинаков, односно клубот од Сардинија ќе гради проект за експресно враќање во елитата.
Ди Марцио пренесува дека Калјари планира да доведе најмалку двајца нови напаѓачи во наредните месец дена, а покрај Лападула, на списокот се и Несторовски и Пушкаш, играчи со кои според новинарот, клубот веќе воспоставил контакт и ја изразил желбата за ангажман.