вторник, април 29, 2025
5.8 C
Skopje

Долгогодишниот помошник на Зидан почна самостојна тренерска кариера

Долгогодишниот помошник на Зинедин Зидан, од времето кога го предводеше Реал Мадрид, францускиот фудбалски стратег Давид Бетони (51), е назначен денеска за нов тренер на швајцарски Сион.

Бетони како помошник на Зидан во Реал освои три трофеи во Лигата на шампиони (2016, 2017, 2018) и две шпански титули (2017, 2020).

Неговиот однос со Зидан почна уште во првата половина на 90-те години од минатиот век како соиграчи во Кан, а ова ќе му биде прва улога главен тренер во кариерата.

Бетони ќе има задача да го спаси Сион од испаѓање во Втора швајцарска лига.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови