понеделник, јануари 13, 2025
-0.2 C
Skopje

Донарума плачел во соблекувалната поради свирежите

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума синоќа се врати на Сан Сиро во дресот на италијанската репрезентација, прв пат после неговиот трансфер на Сан Сиро.

Навивачите кои беа присутни на вчерашниот натпревар од самиот почеток испраќаа свирежи за Донарума. Тие се бесни на него поради одбивањето да го продолжи договорот со Милан и преселбата во ПСЖ.

Селекторот Роберто Манчини после натпреварот застана во одбрана на Донарума, а италијанските медиуми пренесуваат дека Донарума многу тешко го поднел приемот на Сан Сиро.

Имено, после натпреварот младиот голман плачел во соблекувалната поради свирежите на неговите поранешни навивачи, кои не му го простија трансферот во ПСЖ.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови