сабота, декември 14, 2024
3.8 C
Skopje

Донован Мичел стана седмиот играч во историјата на НБА со 70 поени

 

Кошаркарот на Кливленд кавалирс, Донован Мичел постигна 71 поен против Чикаго Булс (145:134,по продолжение) и стана седмиот играч во историјата на НБА кој постигнал над 70 поени на еден натпревар.

Дваесет и шестгодишниот кошаркар го собори клупскиот рекорд за поени по натпревар, престигнувајќи ги Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг кои имаат дадено по 57.

Претходно, 70+ поени во НБА-лигата постигнаа Вилт Чембрлен, Коби Брајант, Дејвид Томпсон, Елгин Бејлор, Дејвид Робинсон и Девин Букер.

Против Чикаго Булс, Мичел постигна 71 поен, 11 асистенции, осум скока и една блокада. Тој постигна 22 од 34 голови од поле, вклучувајќи 7 од 15 тројки и 20 од 25 слободни фрлања.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови