Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ продолжи со одличните настапи, па во подготовките му донесе уште еден триумф на Далас маверикс, и тоа против Филаделфија со 118-115.
Дончиќ во последниот подготвителен меч на паркетот помина 26 минути, иако беа одиграни и продолженија, а за тоа време успеа да постигне 23 поени, седум скокови и шест асистенции.
Освен Дончиќ, добар натпревар имаше и Криштапс Порѕингис, кој постигна 17 поени и 12 скокови.
На останатите дуели Оклахома славеше против Портланд, а Хјустон беше подобар од Бостон.