Феникс санс одигра уште еден натпревар без две свои ѕвезди. Кевин Дурант и Бредли Бил не излегоа на теренот на натпреварот против Јута одигран рано утрово (135:127 по продолжение).
Двајцата кошаркари беа вклучени во бројни шпекулации за „трејд“ во трансфер периодот.
Дурант го пропушти својот втор последователен натпревар, а Бил (петти).
Феникс санс е на 9. место во Западната конференција од НБА-лигата со 26 победи и 25 порази.