Премиерлигашот Евертон сака да го врати во своите редови Бразилецот Ришарлисон од Тотенхем како замена за Доминик Калверт-Луин.
Тренерот на Евертон, Дејвид Мојс, сака да го доведе Ришарлисон, кој има проблеми со повреди откако се пресели во Тотенхем во 2022 година, а раководството на клубот го постави како приоритет доведувањето на нов напаѓач ова лето, објави „Скај“.
Ришарлисон постигна 12 голови во сите натпреварувања минатата сезона, но оваа сезона пропушти повеќе од 30 натпревари поради повреда.
Бразилецот четири сезони го носеше дресот на Евертон, од 2018 до 2022, и за тимот од Ливерпул одигра 135 натпревари на кои постигна 43 голови.